Лејди Виселдаун објави лоши вести за обожавателите на серијата „Бриџертон“ во продукција на „Нетфликс“ – Реге-Жан Пејџ не се враќа во втората сезона.

31-годишниот актер Реге-Жан Пејџ кој неодамна ја освои наградата за најдобра машка улога во серијата „Бриџертон“, нема да се појави во втората сезона во улогата на војводата од Хастингс.

Почитувани читатели, бидејќи сите погледи се насочени кон потрагата на лордот Ентони Бриџертон да ја пронајде виконтесата, ние се збогуваме со Реге-Жан Пејџ, кој толку триумфлано го играше војводата од Хастингс“, стои во писмото објавено на „Твитер“ со потпис на Лејди Виселдаун, велејќи дека тој секогаш ќе остане дел од семејството Бриџртон.

Наскоро, веста ја потврди и самиот Реге.

Беше апсолутно задоволство и привилегија да бидам ваш војвода. Да се биде дел од ова семејство – не само на екраните, туку и надвор од екраните, нашата неверојатна креативна и одлична актерка екипа, продукција, извонредни обожаватели – сето тоа ги надмина сите мои замисли. Љубовта е вистинска и таа само ќе расте!“, напиша актерот во својата објава на „Инстаграм“.

Обожавателите на серијата ја изразија својата тага и разочарување коментарите, а меѓу познатите личности кои коментираа беше и 67-годишната Опра Винфри која под фотографијата напиша: Ние ќе ја следиме твојата кариера, но ќе ни недостасува нашиот војвода!

Да бидеме реални, војводата беше единствената причина зошто ја гледавме серијата „Бриџертон“. Сега нема поента“, беше еден од коментарите на разочаран обожавател.

Имаше и такви кои наводно сакаат да покренат тужба во врска со оваа вест, но повеќето се надеваат дека креаторите нема да ги разочараат со изборот на новиот главен машки лик во втората сезона…