Се уште трае „сапуницата“ со Лионел Меси во шпанските медиуми. Имено, пред неколку дена беа објавени детали за договорот кој Аргентинецот го потшиша со Барселона во 2017-та година вреден 555 милиони евра. Заедно со бонусите Меси годишно заработувал 138 милиони.

Сега, „ЕЛ Мундо“ објави доверливи информации од договорот поврзани со разни бонуси. Некои од нив се бизарни како што е клаузулата дека Меси може да замине како слободен играч ако Каталонија добие независност и Барселона, наместо во Ла Лига почне да игра во некоја пониска лига.

Забранети му биле ризични спортови како: Воење моторцикл, џет-ски…Има и клазула според која Меси не смее да се буни за позицијата на која го става тренерот и е обврзан максимално да работи на себе и да ја одржува физичката форма.

loading…