Како последица на обилниот дожд што попладнево го зафати Кавадарци, поплавени се неколку објекти во градот, потврдија за МИА од Територијалната противпожарна екипа и Јавното претпријатие ,,Комуналец”.

Оттаму нагласија дека нивни екипи се на терен и со пумпи се црпи надојдената вода.