Пишува: Рамадан Рамадани, аналитичар
Институт за слободна мисла Нисма

Oваа анализа може да изгледа малку потеоретска и апстрактна, па затоа на почетокот ќе побараме поголемо внимание за бројките и буквите. За да бидеме појасни за една од најголемите неизвесности што мислиме дека ја следат оваа земја и која е една од главните причини зошто не ја бива и не функционира. Така, ако ја анализираме сегашноста на оваа земја и гледаме иднината, без перспектива, ние мора да откриеме каде лежи дефектот, болеста и недостатокот, зошто не се движи и не мрда, ниту за работа, ниту за живот, во оваа држава, сега со име Северна Македонија. Сигурно, целосна и сеопфатна анализа за сета оваа нефункционалност би била голема работа и во најмала рака обемна книга, а ние овде не можеме да направиме такво нешто, но исто така знаеме дека ова не е прашање на анализа, туку е всушност големо прашање на политиката и раководството да најдат каде заглавило и да ја придвижат напред.

Кратко, па дури и само површно ако погледнеме оваа земја, воочуваме различни симптоми и болести кои треба да се негуваат, излечат и третираат. Стагнација на најголемиот развоен процес и перспектива; евроинтеграции. Нарушениот правосуден систем и главно делењето неправда преку ваквото судство, како и нефункционалноста на економскиот систем, па дури и неговото владеење од страна на олигарси, партии и други лопови, домашни и меѓународни, секако се проблеми што се забележуваат на прв поглед, дури како болести и големи недостатоци за да има правна држава овде и да може да има развој и напредок. Но, она што не може да се постигне во целост, не треба целосно да се остави, па затоа издвојуваме неколку симптоми кои навестуваат еден проблем, а кој го дијагностицираме. Државата не е ординација, ниту амбуланта, а ниту санаториум, туку само даваме пример на пациент со сериозни здравствени проблеми во организмот. Има проблеми со притисокот, срцето, грбот го боли, а можеби му недостасува и некој цел орган, но тоа не значи дека нема да третираме некаков проблем којшто можеме да го дијагностицираме, и кој можеме со терапија или мала интервенција, истиот да го отстраниме, па дури и да го излечиме. Така, во овој пример третираме некое слепо црево, иако се соочуваме со други бројни проблеми и можеби уште посуштински. И ова слепо црево од примерот е и тема на оваа анализа што ја нарековме: обид за етничка доминација во мултиетничка држава.

Дека ова е континуиран обид и дека редовно се појавувале симптоми, знае секој што го следи јавното мнение во оваа земја и забележува дека оваа држава речиси никоj на македонски јазик не ја карактеризира каква што навистина е; мултиетничка држава. Значи, може да се слушнат и прочитаат изрази за мултиетничко општество, мултикултурализам, за културата и на другите, дека некаде се зборуваат и учат други јазици. Но, државата, нацијата во овие реченици се скоро секогаш во еднина; еднонационални. За да дадеме свеж пример за овој обид за доминација, ќе приложиме еден наслов од редовна вест во медиумите на македонски јазик. Обични вести за официјални податоци од Бугарија за тоа колку граѓани на Северна Македонија добиле бугарско државјанство. Значи обична вест со официјални податоци, што се дава секоја година. Но, истата вест, дури и во најпрофесионалните медиуми и според сите новинарски стандарди, па дури и во филијалите на меѓународните медиуми кои имаат сервис на македонски јазик, секогаш се дава со ист наслов: Бугарско државјанство добиле толку и толку Македонци?! За да се разбере што не е во ред со теквиот наслов и како тоа не е наслов за нас, туку симптом, доволно е да ја прочитате веста подолу и да разберете дека всушност се зборува за бројот на македонски државјани кои добиле бугарско државјанство и пасоши во текот на таа година. Сега сите можеме да ја знаеме вистината дека Бугарија не дава државјанство освен на оние кои се самоидентификуваат како Македонци и се самодекларираат како Бугари; дека воопшто не им дава на други државјани на Македонија; Албанци, Турци или Бошњаци, па дури многу тешко и на Ромите, Власите или Србите, но овој наслов е погрешен. Според сите новинарски стандарди и според вистината. Можеби поточен наслов би бил: „Бугарија им дава државјанства на македонските Бугари“, за веста дека им се дава бугарско државјанство на граѓаните на Северна Македонија?!

Ова е само еден од многуте примери, кои се повторуваат речиси секојдневно, за тоа колку длабока е оваа тенденција за етничка доминација во оваа мултиетничка држава. Подолу ќе покажеме неколку едноставни факти зошто ова останува само тенденција и обид и истиот никогаш не може да се спроведе како процес или да стане фактичка реалност. А овие факти се основните бројки на етничката припадност на граѓаните на оваа држава. Каде што овде се работи за едвај 53% етничко и до 60% јазично и религиозно мнозинство. Значи, во никој случај нема доминантно мнозинство. Односно, и да не бевме ние другите, речиси мнозинство од 47%, главно Албанци, автохтони и неразделни на територии и историски и актуелно со Албанците во другите земји; овие пак немаше да бидат доминантно мнозинство за да можат да доминираат. Овие основни бројки покажуваат дека прашањето не е што се оние другите кои не се мнозинство, туку дека всушност мнозинството не е мнозинство и не може самостојно да прави што сака со оваа држава. Дури ни во случаи кога знае што сака да направи. Значи, овие се пријавуваат да играат голем фудбал на голем терен, но со број на играчи за мал футсал, мал фудбал. Значи за единаесетката како услов на фудбалска екипа овие одат со 4+1, со екипа од пет играчи.

Друг факт е дека преостанатиот дел од мнозинството, речиси половина, е и според последните бројки од официјалниот попис, повеќе од 30% Албанци. Значи едно компактно мнозинство во преостанатата половина. Во тие 47% не се работи за поделба на уште пет дела на припадности, горе долу исти, туку имаме повеќе од компактна третина од вкупниот број и повеќе од две третини од другата половина, односно од овие 47%.

Една држава не личи на друга, но за да разбереме зошто доминацијата никогаш не може да стане реалност, доволно е да ги споредиме овдешните Албанци со Србите од Босна и Херцеговина и со повторно добредојдениот лидер на тој српски свет, Милорад Додик?! Само за миг да замислиме кога би се однесувале Албанците вака политички или кога би имале лидер кој вака зборува во јавноста. Некој што ќе ги разболеше цел ден со зборови, муабети, политички тенденции и иницијативи, дури и за одвојување, албански свет, обединување со матичната држава. Тогаш самопрогласеното мнозинство на јавноста не само што ќе ја третираше државата како амбуланта за лекување, туку ќе станеше дури болница за лечење и санаториум за лекување! А во нашиот случај не дека оваа споредба не им паѓа на памет, туку овде се случува дури и спротивното: истите тие луѓе го пречекуваат истиот тој Додик и тој гласно предлага оваа годишна средба на „српскиот свет“ да се одржува секоја година во Скопје, според него: на Цар Душан. И уште полошо, ова не се евидентира ниту како криминал, па ни да се заведе како запис. Така, овде имаше гласови и дистанцирања зошто овој го негираше геноцидот во Сребреница, дека зборуваше за руска агресија во Украина и против НАТО и ЕУ и други обвинувања, но никој не заведе дека всушност тој ја припои Македонија кон „српскиот свет“ со тоа што предложи овие средби и паради да се одржуваат секоја година токму овде: во дарданско Скопје. Долго зборуваме за овој глупак од американската црна листа и европските санкции, но само за до степен да замислиме ако истото ќе беше кажано од некој албански претставник од Косово или Албанија, или да го споредиме со слични, но многу поблаги изјави од Бугарија, Турција или Грција?! Поплаките, врисоците и работата ќе стигнеа до Советот за безбедност на ОН!

Друг факт што ја прави оваа доминација да остане само обид и тенденција е дека Уставот на државава е неповратно изменет со Охридскиот рамковен договор и, покрај тоа што сега во преамбулата на уставот се спомнуваат другите етнички заедници, во оваа држава веќе нема само еден службен јазик. Сагата со законот за службена употреба на јазикот е сè уште незавршено патување, кое, како што знаете, дојде од Венецијанската комисија до Уставниот суд, но ништо не го менува фактот дека со овој устав во државава веќе нема само еден службен јазик. Значи службен и уставен е и јазикот и писмо на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, што треба посебно да се опфати со закон, а потоа и употребата на другите јазици во општините каде населението сочинува повеќе од 20%. Значи, според овој устав, постојат три нивоа на службена употреба на јазиците. На македонскиот јазик, на 20%, односно албанскиот јазик и употребата на други јазици во општините. Никогаш само две нивоа, еден официјален јазик и друго. Иако за ова сè уште не се донесени сите закони, тоа најдобро ќе се разбере во случаите кога ќе има обиди за донесување на закон за службен државен јазик, а потоа ќе треба да се дефинира првиот службен јазик, доколку ќе има такво нешто. Деталите за ова ќе ги дадат правниците и законодавците, но многу е важно да се запамети дека официјалната употреба на јазиците според овој устав сега е тристепена и на тоа мора да се инсистира. Кога ќе се донесе закон за употреба на македонскиот јазик, ќе треба да се донесе друг закон за употреба на јазикот од 20%, а потоа трет за употреба на јазиците во општините каде што има други кои сочинуваат повеќе од 20%. Јас самиот не сум правник и не претендирам на стручност за овие недонесени закони, но знам дека Северна Македонија е унитарна држава и со овој устав, и правото на образование на мајчин јазик и култура за населението над 20% треба да се почитува насекаде на национално ниво. Така и во оние општини каде што можеби има само еден Албанец. Значи зборуваме и за Берово и Струмица, а не само за Чашка и Битола.

Сето ова покажува дека во оваа мултиетничка држава не е можна етничка доминација и дека тоа не е можно ниту на јазичен план. Значи, на национално ниво, оваа држава, според уставот, нема само еден службен јазик, па дури и обидите да има само еден службен јазик секогаш ќе останат само обиди. Но, бидејќи ова објаснување стана предолго, следната недела ќе се обидеме да кажеме кога се појавил овој симптом и обид и кој е виновен. Сигурно дека Албанците, по една недела ќе ги кажеме деталите! Довидување!