Овогодинешното доделување на најпрестижните филмски награди „Оскари“ ќе биде поразлично од претходните години, но сепак ќе се одржи.

Веќе се објавени официјалните номинации за Оскарите, а истите ги објавија сопружниците Пријанка Чопра и Ник Џонас.

Во изборот за најдобар странски филм влезе и босанскиот филм „Quo Vadis, Aida?“ во режија на Јасмила Жбаниќ која ја следи приказната за ужасите во Сребреница.

Иако во ноември од Друштвото на филмските работници на Македонија соопштија дека филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде нашиот кандидат за „Оскар“ во категоријата за најдобар долгометражен филм за 2021 година, филмот, сепак, не се најде на официјалната листа објавена од Академијата за филмски уметности и науки.

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски не е на официјалната листа за Оскари

Ниту српскиот кандидат за „Оскар“ кој предизвика лавина реакции во јавноста за злосторствата на усташите во логорот на смртта Јесеновац, „Дара од Јесеновац“ не влезе во трката за Оскар.

Ужасите на сестрата Барта во филмот „Дара од Јасеновац“: Децата ги тепале со прачки, а после на отворените рани им истурале оцет или солена вода

Постхумно, Чадвик Босеман беше номиниран за најдобра машка улога, а најмногу номинации има филмот „Mank“.

Сите номинации за Оскарите можете да ги погледнете на следниов линк: