Покрај научниците, лекарите и уметниците кои се добитници на МКарта, на списокот од 69 македонски државјани кои живеат во дијаспора се најдоа и имињата на бизнисмени и поранешни функционери, пишува Радио Слободна Европа.
На списокот кој го добиле дел од медиумите, за успешен во дијаспората е наведен поранешниот министер за странски инвестиции во една од Владите на Никола Груевски, Глигор Ташкович. Тој подоцна како дел од кабинетот на поранешниот премиер Зоран Заев, беше избран за меѓународен член на Комитетот при Фондот за иновации и технолошки развој. Според сторија на Њујорк Тајмс од 2020 година Ташкович бил посочен како наводен соучесник во незаконска шема вредна 45 милиони долари за продажба на маските н-95 по многу поскапа цена во време на пандемијата со ковид-19.
Целиот текст на Радио Слободна Европа.