Поднесена е кривична пријава против Г.Л.(66) од охридското село Лескоец, поради бесправно градење.
„Тој, без да добие соодветно правосилно градежно одобрение за градење, издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, на катастарска парцела лоцирана во месноста „Дебело поле“ во близина на Охрид, бесправно изградил објект“, соопшти СВР Охрид.
Текстот Објект никнал без одобрение во Охрид, реагираше полицијата е превземен од МАКФАКС.























