Севкупната состојба од теренското истражување укажува дека посетите од бугарските граѓани е зголемена во овој период на известување, но просечната потрошувачка по посетител е намалена, стои во кратките заклучоци во објавениот втор извештај за економските ефекти од посетата на бугарските државјани во пограничните региони Делчево, Берово и Пехчево.

Во извештајот на Центарот за еконимски анализи (ЦЕА) изготвен во рамки на проектот економските активности во пограничните региони на Северна Македонија со Бугарија, се наведува дека поради близината на граничниот премин, Делчево добива најмногу од посетите од бугарските посетители.

– Во Делчево во просек има 16 пати повеќе бугарски посети отколку во Берово и Пехчево. Потрошувачката на посетителите од Бугарија во Делчево изнесува околу 5,1 процент од собраните локални даноци во Делчево. Во Пехчево е околу 1 процент и половина процент во Берово. Просечната вредност на потрошувачката по услуга на месец од страна на посетителите од Бугарија во микрорегионот е околу 150 евра (во претходните период изнесувала 253 евра на месец), се вели во вториот извештај на ЦЕА.

Малите продавници во микро-регионот бележат зголемен промет од бугарските посетители, споредено со изминатиот квартал, а во наредниот период најголем број од ниво чекуваат прометот да останене променет. Во зелените пазари во Делчево се бележи претежно намален промет од страна на бугарските посетители споредено со минатиот квартал и најголем број од сопствениците или за купувачите на тезги на зелените пазари очекуваат зголемен промет за следниот период (во Берово се очекува истиот промет во следниот период).

Она што е за интересно согласно овој втор извештај, е фактот што во хотелите и рестораните во сите три општини се бележи зголемен промет од бугарските посетители споредено со минатиот квартал и најголем број од нив очекуваат прометот да остане ист и во следниот период.

Општа цел, како што стои во описот на овој проект, е промовирање социо-економска кохезија вклучувајќи работа со млади луѓе, зајакнување на добрососедските односи, регионална стабилност и меѓусебна соработка, социоекономска соработка.

Специфични цели се градење на истражувачките капацитетина младите, мобилизирање  дебата заснована на докази за економските активности во пограничниот регион Делчево, Пехчево и Берово, како и подигнување на свеста за потребата од подобро инфраструктурно поврзување меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Во реализацијата на проектот вклучено е  месното население на Берово, Пехчево и Делчево, државната и општинската администрација на трите општини, со што според имплементаторите на проектот, е овозможен поголем опфат на резултатите од реализираниот проект.

Проектот “Економските активности во пограничните региони на Северна Македонија со Бугарија  запоставена димензија“ ,  ЦЕА го спроведува со финансиска поддршка на Бугарска развојна помош.