Државниот завод за ревизија ги објави ревизорските извештаи за Министерството за транспорт и врски.

Како клучни утврдени состојби се посочува дека во финансиските извештаи за нематеријални средства се евидентирани идејни решенија и физибилити студија за кои не е обезбедена документација, а во рамки на материјалните средства во подготовка евидентирани се градежни објекти кои завршени минатите години и кои
со години се во употреба, без да се изврши нивно примопредавање на општините.

– Кај пописот на нематеријалните средства и дел од материјалните средства – градежни објекти не е направено усогласување на сметководствената состојба со фактичката состојба утврдена со пописот, се посочува во извештајот.

Како системски слабости се посочува дека со одлука на Владата во август 2018 година за пренос на акции, МТВ станува сопственик на операторот на електро-преносниот систем (АД МЕПСО) како резултат на сопственичко раздвојување на операторот од Владата, како и тоа дека има помалку издвоени средства од предвиденото законско право за железничка инфраструктура.

Целиот извештај може да се најде на следниот линк: https://dzr.mk/mk/240628-revizija-na-usoglasenost-2023-ministerstvo-za-transport-i-vrski