Основното јавно обвинителство Скопје ја прими и веќе постапува по пријавата на Финансиската полиција против Перпарим Бајрами, известуваат од ОЈО Скопје.
„Со оглед дека осомничениот се уште е недостапен на органите на прогонот и по него се трага со национална и меѓународна потерница, ќе се преземат други дејствија за испитување и прибирање докази“, соопштуваат од ОЈО Скопје.
Денеска Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Перпарим Бајрами во својство на директор на АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Р.С. Македонија поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.4 вв ст.1 од Кривичниот Законик.