Во контекст на настаните во Србија, двете масовни убиства во основно училите во Белград и убиствата во селата кај Младеновац и Смедерево, ЦИВИЛ постави прашања до релевантните институции во Северна Македонија токму за проблематиката со култот кон оружјето, превенцијата од кофликти и маллолетничкото насилство.
Од Основнот јавно обвинителство ЦИВИЛ побара одговор на следното прашање:
  • Кои санкции се предвидени за сторители на тешки кривични дела, како што се убиства и силување, што се помлади од 14 години?

„Согласно Законот за правда за децата, спрема дете кое во време на извршување на дејствието, кое со закон е предвидено како кривично дело или прекршок, не наполнило 14 години, не може да се примени санкција“, кратко одговорија од ОЈО.

Во Законот за правда за децата во член 19 дете во ризик до 14 години е секое дете кое во времето на извршување на дејствието со закон предвидено како кривично дело за кое е утврдена парична казна или затвор над три години или дејствие со закон предвидено како прекршок наполнило седум, а не наполнило 14 години.

Превземено од Цивил Медиа