Олимпискиот шампион во скок со стап од Рио де Жанеиро во 2016 година и бронзен медалист од последните Олимписки игри во Токио пред две години, бразилецот Тиаго Браз (29) е привремено суспендиран поради присуство на забранета супстанца во неговиот примерок, објави Одделот за интегритет на атлетиката (АИУ).
„Тиаго Браз е привремено суспендиран поради присуство или употреба на забранетата супстанција остарин“, соопшти АИУ.
Остарин првенствено се користи за зајакнување на мускулната маса. Браз требаше да настапи на Светското првенство во Будимпешта, кое ќе се одржи од 19 до 27 август, но сега неговото доаѓање во Унгарија е под знак прашалник.
Браз минатата година освои сребрен медал на Светското првенство во сала, додека на СП на отворено го освои четвртото место.