Израел побара од своите граѓани кои се во Турција веднаш да ја напуштат земјата, поради најавените напади врз Израелци, јавуваат агенциите.
Advertisements
Според агенцијата „АФП“, најавите за тие напади дошле од Иран. Според „Џерусалим пост“, Израел драматично ја зголемил способноста на своите најмодерни борбени авиони да го нападнат Иран. Дека тоа е навистина така, сугерира и фактот што Израел неодамна интегрираше нова „паметна“ бомба во своите Ф-35. Станува збор за оружје од еден тон што може да го носи Ф-35 во својата внатрешност, што не ги нарушува „стелт“ карактеристиките на авионот – што е многу важен факт доколку имате намера незабележано да влезете на непријателска територија, пренесува „Јутарњи лист“.
Според написите, Израел е многу активен во подготовката за потенцијална операција, се сугерира дека неговите воздушни сили извеле четири големи воени вежби над Медитеранот во изминатиот месец, за време на кои неговите авиони симулирале напад на цели со долг дострел во Иран.
Вежбите, како што е наведено во новинарските извештаи, симулираа заобиколување на иранските радари и системи за откривање, како што се оние што ги штитат нивните нуклеарни капацитети.
Иран, од друга страна, анализираат медиумите, отворено им се закануваше на граѓаните на Израел, како одмазда за убиствата на истакнати членови на иранската национална гарда или научници кои управуваат со нуклеарната програма, што се случи во последните години и месеци./Makfax