Летните денови се идеални за консумирање свежо овошје. Но постојат овошки што содржат многу шеќер, па не би требало да претеруваме со нив.
Експертите откриваат кое овошје има најмногу шеќер и зошто би требало да ја ограничиме неговата консумација.
„Околу 200 г овошје дневно се сосема доволно, со тоа количество ќе внесете доволно од сите минерални што ви се потребни, како и диететски влакна. Што се однесува до свежо цедени сокови, добро е да се внесуваат 120 до 150 мл дневно, не повеќе. Треба да се внесуваат минимум 400 г зеленчук, односно четири порции. Зеленчукот не содржи шеќер, има минерални материи, диететски влакна што се неопходни за здравјето на целиот организам“, откриваат експертите.
Тие исто така објаснуваат и кои се последиците од претераното консумирање овошје.
„Доколку подолг временски интервал внесува големо количество на овошје, може да дојде до промена на гликорегулацијата, односно до пораст на гликемија, а самото тоа со текот на времето може да доведе до дебелеење, хиперинсулинемија и дијабетес тип 2.“
Овошје што содржи најмногу шеќер
„Сливите и грозјето содржат најмногу шеќер, бадијала не се зема гроздов шеќер. Што се однесува до лубеницата и дињата, неверојатно е тоа што лубеницата има повисок гликемиски индекс од дињата, иако дињата навиудм е послатка. Од друга страна, дињите содржат помалку вода, но сепак, се препорачува повеќе да се јадат дињи, кои имаат и поголема нутритивна вредност од лубениците.“
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.