По речиси четири години изградба, отворен е најдолгиот подводен тунел во Кина. Со должина од 10,79 километри, тунелот „Таиху“ се наоѓа под езерото во источно-кинеската провинција Џиангсу, на околу 50 километри источно од Шангај. Според владини претставници, тунелот чинел околу 1,56 милијарди долари. Изградбата започна на 9 јануари 2018. Над 2 милиони кубни метри бетон беа искористени за изградба на двонасочниот тунел, кој има шест ленти и е широк 17,45 метри. Таванот на тунелот е опремен со шарени LED светла, дизајнирани да го спречат заморот на возачите. Тунелот, кој поврзува многу патишта, е изграден за да го олесни сообраќајот во градовите во близина на езерото Таиху./Alsat.mk
Прикажи повеќе