Предложените измени во Законот за минирални суровини овозможуваат распродажба на националните природни богатства. Невладини организации и граѓаниски здруженија бараат повлекување на предложените измени на законот. Наместо по скратена постапка, носењето на законот бараат да биде по редовна постпка, со јавна дебата и вкучување на јавноста.
„Предложените измени се многу сериозни и се однесуваат праткично на олеснување на постапката за добивање концесија. Напротив наместо како што требаше да се анализараат тие постапки и да се направат потранспарентни и побезбедни за здравјето на граѓаните, сега се оди кон олеснување. Се отфрла обврската за доставување на техничко-технолошки елаборат со јасно декларирање на постапката и видот на хемикалиите што ќе бидат употребени во концесијата“, рече Лилјана Поповска, НВО „Зелен институт“.
– Advertisement –