-Драго ми е што Охридското Езеро и регионот ќе имаат можност да го задржат својот статус и ќе имаме време за да ја комплетираме заштитата на ова неверојатно природно и културно светско наследство, но ова значи дополнителна одговорност, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во своето обраќање на сесијата на Комитетот на УНЕСКО.

Инаку, Комитетот за светско наследство на УНЕСКО по бројните дебати, одлучи Охридскиот регион и Албанија да го зачуваат својот статус и во наредните две години. Одлуката предвидува исполнување на препораките дадени од УНЕСКО, со цел по истекот на овој период Охридскиот регион да ја избегне Листата на светски културни и природни наследства во опасност.