Уште во 2019г. кога овој закон беше во владин процес, ние како министерство побаравме во однос на легализацијата на дивоградбите во заштитените подрачја и особено целиот регион на Охрид, прво да се добие одобрение од министерството за животна средина пред да се легализира, што не значи дека сите или повеќето градби кои се во заштитените подрачја ќе се легализираат, изјави за министерот за животна средина Насер Нуредини во гостувањето во Утрински брифинг.
-Сега тоа што ние го кажуваме е дека има три различни зони во заштитените подрачја, едната е строго заштитената зона, a втората е активен менаџмент што значи дека ниту една градба нема да биде легализирана во тие две зони. Третата е одржливата зона што значи дека има селани кои се во заштитеното подрачје, луѓето таму живеат, сега молбата од нас секогаш била, секако ако станува збор за фамилија каде примарна резиденција е тој дом а воедно станува збор за дивоградба која не го поминала процесот на градење по план, мора да се биде и полн со разбирање истотака бидејќи ова се економски и социјално предизвикани поединци од нашето општество, меѓутоа кога зборуваме за економски активности и економски градби или секундарни домови или викендици како што би кажале, овие се луксузни домови кои можеби не се изградени согласно законот. Ние не кажавме дека ќе ги легализираме и кога законот се врати во влада дискутиравме и повторно го изразивме мислењето како министерство, дека ако се овие втори, трети домови или како што би кажале викендици, ако тие добијат дозвола за легализација би требало да плаќаат многу повеќе од нормалната цена, меѓутоа оние кои се со социјални и економски потешкотии ја разбираат идеата зад владата и разбирливо е да им дадеме можност да си го легализираат домот. Тоа што јас го научив во последните речиси две години од кога сум тука е дека мнозинството на општините за жал имаат проблем со урбаното планирање, ова е нешто што мора да го погледнеме, вели Нуредини.