Жак Папен, професор на Катедрата за микробиологија и инфективни болести на Универзитетот „Шербрук“ во Квебек, изнесе интересна хипотеза во новото издание на неговата книга „Почетоците на сидата“.
Според тврдењата на Пепен, вирусот ХИВ најверојатно се пренел од шимпанзо на човек уште за време на Првата светска војна, поради невнимание на изгладнет војник кој бил принуден да лови животни за да преживее.
Непознатиот нулта пациент бил дел од инвазијата на 1.600 белгиски и француски војници, кои патувале со 4.000 соборци од Леополдвил, тогашно белгиско Конго, во оддалечена база во Камерун, вели Пепен, кој во осумдесеттите години работел како лекар во централна Африка, пренесува „Њујорк пост“.
Нултиот пациентот најверојатно бил повреден по убивањето на еден вид шимпанзо, кое било инфицирано со сличен вирус, претходник на ХИВ, кој предизвикувал СИДА, напиша Пепен во статија за универзитетот „Кембриџ“.
Во првото издание на книгата од 2011 година, Пепен првично тврдел дека ХИВ-вирусот преминал од шимпанзата на луѓето откако повреден африкански ловец убил едно од животните во 1921 година и тогаш се заразил.
Пепен потоа објаснил дека ХИВ-вирусот продолжил да се шири низ целиот свет „преку колонизација, проституција и кампањи за јавно здравје во кои недостасувале вообичаените безбедносни протоколи, како што е забраната за делење игли“.
Меѓутоа, во второто издание, објавено овој месец, Пепен се потпира на истражување во медицинските архиви во Африка и Европа, сугерирајќи дека нулта пациентот не бил ловец, туку гладен војник од Првата светска војна, кој бил принуден да лови шимпанза за храна, откако неговиот полк се заглавил во оддалечена шума околу Молунду во Камерун и останал без залихи на храна.