Дали сте знаеле дека во непосредна близина на катедралата „Нотр Дам“ во Париз, се наоѓа нултата точка на главниот град на Франција, односно местото од каде се мери километражата кон секој друг француски град. Ова место го посетуваат голем број туристи секоја година за да си посакаат посебни работи.
Постојат неколку различни ритуали што ги прават туристите при посетата на оваа локација, а еве неколку од најпопуларните.
Ако стапнете на овој знак и се свртите 360 степени на едната нога – ќе се оствари желбата што ја замислувате во тој момент. Покрај тоа, многумина веруваат дека ќе останат со своите партнери засекогаш ако ги бакнат стоејќи на овој знак.
Друга популарна традиција е да се фрлат монети на овој знак. Посетителите веруваат дека вакво нешто има ист ефект како фрлање паричка во фонтана за желби.
Ако одите во Париз во зима поточно, за време на Божиќните празници, многу е веројатно дека на ова место ќе биде поставена голема елка, па затоа знакот нема да биде видлив.