Ана Павловска-Данева денеска ги презеде своите работни обврски како уставен судија, соопшти Уставниот суд, кој со нејзиниот избор во Собранието почна да функционира во полн состав со вкупно девет судии.

-Покрај средбата со претседателката на Судот, Добрила Кацарска, судијата Павловска-Данева ги запозна судиите и вработените во службата, по што активно се вклучи во тековните ангажмани и активности во Судот, наведува Уставниот суд во соопштение.

Согласно Уставот, мандатот на Павловска-Данева како уставен судија трае девет години.