Аргентинскиот тренер Маурисио Покетино според најавите ќе биде новиот тренер на ПСЖ, откако странските медиуми објавија дека тој веќе пристигна во главниот град на Франција заедно со неговиот стручен штаб!
Во сабота Покетино треба да седне на маса со челниците на клубот и да се договори за личните услови, како и дека ќе го одработи првиот тренинг во новиот клуб в недела, за кој своевремено играше.
Тој е без функција од есента 2019 година кога доби отказ во Тотенхем, а тој би требало да потпише договор со париските „светци“ до 2023 година.
Примарна цел за тоа време е секако освојување на титулата во Лигата на шампионите.
Во текот на денот воедно се појави информација дека ПСЖ на лето ќе го донесе искусниот одбранбен играч на Реал Мадрид, Серхио Рамос кој ќе потпише тригодишен договор, а се споменува дека Покетино би можел да ги донесе и Кристијан Ериксен и Уго Љорис кои ги тренираше во Тотенхем.
Почнува „Операцијата Меси“, Аргентинецот може да преговара со други клубови!