Се зголемува раздвиженоста во градот, граѓаните ги прават последните подготовки за новогодишните празници. Меѓутоа и покрај тоа што во градот се чувствува празнична атмосфера, недостига еуфоријата која беше присутна минатите години кога се купуваа свечени фустани, масовно се посетуваа козметичките салони и фризерниците. Годинава поради отсуство на организирани новогодишни прослави во кафеаните и рестораните, граѓаните главно се фокусирани на новогодишната трпеза. Се купува храна, пијалаци и новогодишни подароци, а граѓаните со душа чекаат да ја испратат старата 2020 година којафизичкигиразделиодроднините и пријателите.
Дуќаните за гардероба и покрај големите попусти годинава многу малку се посетени, се купува само тоа што е неопходно и подароци за најблиските. Најмногу се продаваат тренерки, долна облека и пижами со новогодишни мотиви кои најчесто се подаруваат за Нова година.
-Прометот е многу опаднат. И покрај тоа што е Нова година многу малку се купува. Нема ни толку фреквенција на купувачи за разлика од минатите години. Инаку имаме новогодишен попуст на зимската гардероба кој се движи од 20 до 50 отсто. Но, тоа е луѓето се исплашени од ситуацијата со вирусот и кога не се расположени не им е ни до купување на нова гардероба. И оние што сакаат да купат нешто велат почекај да земам плата, К-15…, вели Марија сопственичка на бутик.
Убавото време ги натера и постарите граѓани да излезат со маски, да се прошетаат и да купат подароци за внуците и нешто за новогодишната трпеза.
-Излегов да купам новогодишни пакетчиња за внуците, но покрај тоа секако ќе си купам нешто и за себе малку да се развеселам, бидејќи поради короната со месеци не сум излегла од дома. Времето воопшто не ладно за разлика од други години кога поради студот не можевме да излеземе, годинава барем тоа не послужи, вели Вера пензионерка од Скопје.
Низ зелените пазари се купува овошје, зеленчук, а раздвижено е и предмесарите. Месаритевелат дека најмногу себарамеленомесозатрадиционалнановогодишнасарма, а се купува и свинско, пилешко и телешко,но по малку.
-Не се купуваат цели прасиња и полутки како минатите години. Главно се купува мелено месо за сарма и по малку кртина за печење. Има муштерии, но за разлика од минатите години кога се купуваа големи количества месо, сега секој купува по малку колку да има за новогодишната трпеза. Годинава многу ни е опаднат прометот од кафеаните и рестораните во кои нема организирани пречеци и нема порачки, вели Аце, сопственик на месарница во Скопје.
Сепак, новогодишната атмосфера и духот на празниците може да се почувствуваат во градот, а најмногу на градскиот плоштад каде што освен елката има многу тезги на кои се продаваат детски играчки, балони, новогодишни украси, честитки…
(А.С.)