Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,68 % во однос на одлуката од 26.12.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 5,153%, кај дизелот за 2,830%, кај екстра лесното масло за 3,424% и кај мазутот за 0,596%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,334%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,062 ден/кг и изнесува 40,655 ден/кг.

Од 4.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 81,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 40,655 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.1.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.