Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска на прес конференција ја соопшти новата цена на електрична енергија, што ќе биде во важност од 1 јануари следната година.

Претседателот на РЕК, Марко Бислимовски посочи дека цената на струјата се зголемува за 9,48%, додека пак се укинува дневната евтина тарифа која важеше од 14 до 16 часот.

Тој додаде дека ноќната евтина тарифа и таа во недела остануваат на сила.

Бислимовски вели дека доколку не се тргнела дневната евтина тарифа од 14-16 часот, цената на струјата ќе се зголемела за 14,23%.