Иако напуштените американски воени авиони веќе не им користат на Талибанците, најновото видео покажува како изгледа кога командата на Авганистан е во рацете на овие луѓе.

Американските војници го напуштија Авганистан, но зад себе оставија многу работи, од воена опрема до борбени авиони, но и Талибанците. Талибанските борци со оружје и униформи на американски војници беа снимени како чувари околу аеродромот во Кабул, но беше наведено дека авионите и другата опрема се оштетени и некорисни.

Иако веќе не им користат на Талибанците, најновото видео покажува како изгледа кога командата на Авганистан е во рацете на овој народ. На снимката се гледа како талибански борец се лула на лулашка закачена на крилото на онеспособен авион, додека другите членови на исламската организација го гледаат.

Има и други, оштетени авиони што лежат таму. Уште пред ова, вниманието на јавноста го привлекоа видеата на талибанските борци, на кои се гледа како танцуваат, но и играат во детски забавен парк, вежбаат во теретана и возат автомобили на судирање.