Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари за литар, а цената на дизелот се зголемува за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,29 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 84 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 86, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 85,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,5 денари за литар, и ќе изнесува 84 денари за литар.