Цените на основните прехранбени производи и натаму вртоглаво растат. Цената за маслото за јадење достигна и 120 денари, покачување има и на шеќерот, млекото но и на зеленчукот и овошјето. Цената на килограм пипер достигна и 300 денари, доматите до 120 денари, краставиците и компирот од 60 па се до 80 денари, додека пак лимонот и портокалите по килограм може да се купат од 50 до 80 денари. Од Народна банка велат дека промената на цените главно е пoврзана со неизвесноста од здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19.
Динамиката на цените главно се поврзани со големата променливост на цените на примарните производи присутна на меѓународниот пазар, која е дополнително нагласена поради здравствено-економска криза и непредвидливиот развој на пандемијата. Во однос на очекувањата при последните проекции, во очекувањата за увозните цени се нагорни, поради што ризиците околу проектираната стапка на инфлација за оваа година би кажале дека се умерено нагорни – велат од Народна банка.
– Advertisement –
Синдикатите апелираат на итно зголемување на минималната плата бидејќи со вакво темпо граѓаните се на раб на егзистенција.
Голема улога има зголемувањето на инфлацијата во државата па ако знаеме дека зголемувањето на минималната плата и покрај укажувањата на ССМ ќе изнесува 1,7 проценти од април а само податокот за инфлација за месец март е 2 проценти се поставува прашањето за потреба од зголемување на платите воопшто во целост – изјави Слободан Трендафилов- Сојуз на синдикати.
Државниот завод за статистика од почетокот на 2021 регистрира покачување на цените на основните прехранбени производи се зголемени. Најголем раст има на маслото и маснотиите за 3,5 проценти, овошјето за 2,1 процент, зеленчукот за 0,4 проценти и месото за 0,2 проценти.
Андреа Чобанова