Иако сме свесни дека физичката убавина е менлива и никогаш не е пресудна, сепак секој човек има одредени преференции. Што мислите, кои типови на мажи им се најпривлечни на жените?
Новото истражување на Универзитетот Грифит во Квинсленд откри кој тип на тело им е најпривлечен за жените. На дамите им биле прикажани фотографии од машки тела, без лица, а нивната задача била да ја проценат привлечноста и физичката сила на тие мажи.
На фотографиите биле прикажани студенти од универзитетот, но и мажи кои практикуваат одење во теретана од три до пет пати во неделата.
Од 160 учеснички во студијата, речиси сите го одбрале мажот со дефинитрани мускули.
„Беше очекувано дека на жените им е попривлачно мускулесто тело, но не очекувавме толкава едногласност“, изјави водечкиот автор на студијата Арон Сил.
Жените кои учествувале во студијата изјавиле дека ги сметаат за привлечни оние мажи за кои процениле дека се физички силни…
Мажите кои учесничките ги сметале за најсилни во 70% од случаите биле оценети како најпривлечни. По дополнителни анализи, истражувачите откриле и дека жените претпочитаат високи и витки мажи, но со истакнати мускули.
Имено, при изборот на потенцијален партнер, жените велат дека изгледот не им е пресуден. Истражувачите сепак, потсетуваат дека мал број жени учествувале во оваа студија и наведуваат дека се потребни дополнителни истражувања.
Во други студии, резултатите покажаа дека жените преферираат понежни црти на лицето кај мажите, што не секогаш е случај кај оние кои поседуваат „извајано“ тело.
Покрај тоа, истражувачите посочија уште една работа која може да биде утеха за сите мажи кои немаат „совршено“ тело.
„Дури и ако имате неколку килограми вишок, тоа е во ред. Жените обично сакаат силни мажи, дури и ако имаат прекумерна тежина“, велат истражувачите.