При влегувањето во човечкото тело, вирусот предизвикува антитела од претходни инфекции, покажа новата студија. Овие откритија исто така може да објаснат како претходната изложеност на вирусот влијаела на разликите во компликацијата на болеста кај млади и стари пациенти.
Резултатите од студијата спроведена од Универзитетот во Северна Аризона и „Translational Genomics Research Institute“ сугерираат дека имунолошкиот систем на луѓето заразени од ковид-19 се потпира на антитела создадени за време на инфекции со претходни коронавируси.
Имено, пандемијата на ковид-19 не е прва средба на човештвото со коронавирусот. Пред вирусот „SARS-CoV-2“, луѓето се сретнале со уште најмалку шест други типа на коронавирус.
Студијата се обиде да разбере како ковид-19 влијае на имунолошкиот систем на луѓето и како предизвикува антитела.
Анализите неодамна беа објавени во списанието „Cell Reports Medicine“. Резултатите сугерираат дека вирусот кој го предизвикува ковид-19 може да предизвика одговор на антитела што постоел кај луѓето дури и пред моменталната пандемија.
„Ова значи дека веќе може да имаме одреден степен на веќе постоечки имунитет на овој вирус“, вели авторот на студијата Џон Алтин.
Ова откритие може да им помогне на истражувачите да направат нова дијагностика, да ја проценат можноста за обновување на плазмата, да развијат нови терапевтски третмани и – што е најважно – да помогнат во дизајнирањето на идните вакцини или терапии со моноклонални антитела способни да штитат од можни мутации на вирусот.
Истражувачите користеле алатка наречена „PerSeq“ за мапирање на одговорот на антителата кон коронавирусите. Оваа нова технологија овозможува изградба на разновидни базени на пептици, кратки ланци на амонокиселини поврзани со ДНК. Овие групи на молекули овозможуваат длабинско испитување на одговорите на антителата кон вирусите.
„Податоците генерирани со употреба на „PepSeq“ дозволија широко карактеризирање на одговорите на антитела кај лица кои неодамна биле заразени со „SARS-CoV-2“ и споредба со лица изложени на претходни коронавируси, кои веќе се присутни во популацијата“, објаснува Џејсон Ладер од Институтот за патогени и миркробиоми.
New Research Shows We May Already Have Some Degree of Pre-existing COVID-19 Immunity Via @SciTechDaily1 #Science #Technology #SciTechDaily https://t.co/vbw5u7385F
— NanoTrac Technologies (@nanotrac) January 24, 2021
Покрај „SARS-CoV-2“, истражувачите тестирале и реакции на антитела од два потенцијално смртоносни коронавируси: „MERS-CoV“ и „SARS-CoV-1“. Сите три вируси еволуирале, „скокнале“ од животни на луѓе и станале нови човечки патогени.
Тие, исто така, испитувале одговори на антитела на четири постари коронавируси: алфа-коронавируси „229E“ и „NL63“ и бетакоронавируси „OC43“ и „HKU1“.
Тие „вообичаени“ коронавируси се ендемични кај човечката популација, но обично не се фатални и предизвикуваат лесни инфекции на горниот респираторен тракт слични на настинка.
Се покажа дека „SARS-CoV-2“ може да активира антитела во имунолошкиот систем, првично произведени како одговор на минати инфекции на коронавируси.
Epitope-resolved profiling of the SARS-CoV-2 antibody response identifies cross-reactivity with endemic human coronaviruses: Cell Reports Medicine https://t.co/5kxVRJbYyy
— David Wyant (@wyadvd) January 24, 2021
Оваа вкрстена реакција се случила на две места во шилестиот протеин на „SARS-CoV-2“. Станува збор за протеин кој се врзува за „ACE-2“ протеините на човечките клетки за да го олесни влегувањето на вирусот и инфекцијата на клетките.
Ова може да ги објасни различните реакции на пациентите на ковид-19, зошто некои имаат лесни или дури и немаат симптоми, додека други развиваат тешки инфекции кои бараат хоспитализација и често доведуваат до смрт. Разликите во веќе постоечкиот одговор на антителата би можеле да објаснат и некои разлики во манифестацијата на ковид-19 кај луѓето во зависност од возраста.
„Нашите откритија сугерираат дека природата на одговорот на антителата на претходната ендемиска инфекција со коронавирус може да влијае на текот на болеста ковид-19“, вели Ладнер, според „Sci Tech Daily“.