За Долината на смртта во Калифорнија долго време се сметаше дека е најжешкото место на планетата Земја, со измерена температура на воздухот од 57 степени Целзиусови.

Advertisements

Сепак, ново истражување за најекстремните температури на површината на Земјата открива дека е многу полошо да стапнете во иранската пустина Лут (Дашт-е Лут) и во пустината Соноран, во Северна Америка.

Според податоците од синоптичките сателити, земјиштето во овие два региона понекогаш може да се загрее до неверојатни 80 °C.

Пустината Лут го држи првото место за највисока температура на површината на земјата. Помеѓу 2002 и 2019 година, ова песокливо место редовно достигнувало максимални вредности, веројатно затоа што е сместено помеѓу планини кои, како под сач, го задржуваат жешкиот воздух.

Од 2004 до 2007 и 2009 година, на ова место се измерени највисоките температури на површината на нашата планет. Во 2005 година регионот достигнал 70,7 °C.

По таа анализа, НАСА ја претстави новата верзија на својот софтвер за управување со сателитите, овозможувајќи подобро мерење на температурите на површината на Земјата. По обработката на новодобиените податоци истражувачите утврдиле дека температурите во пустината Лут се всушност за 10 степени повисоки отколку што некогаш се мислело.

Пустината Соноран, која ја следи границата меѓу САД и Мексико, може да достигне слични жешки екстреми, иако не толку често како пустината Лут. Главно се наоѓа во дождовна сенка, а ниската надморска височина на оваа пустина значи дека воздухот има мали шанси да се издигне и да се излади.

Бидејќи Соноран е исто така опкружена со планини, топлината лесно се „заробува“, зголемувајќи ја прво атмосферската, а потоа и температурата на земјата.

Не е јасно колку климатските промени придонесуваат за овие екстремни температури, но најжешките денови забележани од сателитите се случуваат последниве години.

„Додека однесувањето на атмосферата како одговор на повеќе антропогени емисии е добро проучено, одговорот на површината на земјата не е добро разбран“, пишуваат авторите на студијата.

„Се надеваме дека идните истражувања во оваа насока ќе можат да расветлат не само како се менувале температурните екстреми во минатото, туку и како тие веројатно ќе влијаат на нашата планета во иднина“, додаваат авторите.

Покрај пронаоѓањето на најжешкото тло на Земјата, новата анализа го идентификува и најстуденото место. Антарктикот лесно го освои тој рекорд со -110,9 °C, што е за 20 степени пониско од претходните проценки.

Студијата е објавена во Американскиот журнал за метеорологија, a ја пренесува енаука.