Постои голема загриженост кај научниците за необичниот феномен за време на кој изумреа значителен број од морските цицачи. Овој настан на смртност започна во јануари 2019 година и досега резултираше со 378 потврдени смртни случаи на сиви китови.

Сивите китови секоја година мигрираат помеѓу полињата за хранење во Берингово море, Чукотско море и водите на Арктикот како и местата за размножување од Јужна Калифорнија до лагуните покрај пацифичкиот брег Долна Калифорнија во Мексико.

Од почетокот на нивната најнова миграција кон југ, има бројни извештаи за значително ослабени сиви китови по нивната миграциска рута.

Instagram
Instagram

Истражувачите велат дека падот на достапноста на плен во основните места за хранење на сивите китови веројатно е едно од објаснувањата за големиот број смртни случаи во последниве години.

Постојаниот пад на пленот во централниот басен Чириков – главната област за хранење на сивите китови во Беринговото море од 1980-тите години, се верува дека е предизвикана од затоплувањето на водите на Арктикот како резултат на климатските промени.

Помеѓу мај и октомври, сивите китови акумулираат големи резерви на енергија, главно во форма на маснотии, за да можат да ги издржат миграциските патувања и размножувањата.

Instagram
Instagram

Доволните резерви на енергија се клучни за репродукција и опстанок на сивите китови, кои не се хранат доволно за време на миграцијата и сезоната на размножување.

Со помош на дрон, д-р Фредрик Кристијансен од Институтот за напредни студии во Арух и професорот Ларс Бејдер од Универзитетот Хаваи во Маноа, заедно со „Laguna San Ignacio Ecosystem Science Program“ ја истражуваа состојбата на телата на сивите китови од 2017 година.

Тие откриле забележителен пад на кондицијата на телото на малите и возрасни сиви китови. Падот на состојбата на телото, исто така, се совпаѓа со намалениот број на мајки – китови видено во Лагуна Сан Игнасио, што укажува на намалената стапка на репродукција на женските сиви китови.

Instagram
Instagram

Фактот дека сивите китови во 2018 и 2019 година пристигнаа во нивните размножувачки терени веќе во значително полоша телесна состојба, укажува на тоа дека овој пад се случил или за време на претходната сезона на хранење и/или за време на нивната миграција кон југ.

Се чини дека голем број сиви китови ги напуштаат своите хранилишта во лоша нутритивна состојба и додека да ја завршат сезоната на размножување во Мексико, тие веќе ги потрошуваат своите резерви на енергија и прегладнуваат до смрт“, вели д-р Фредрик.

Додека студијата на д-р Фредрик Кристијансен и неговите колеги сугерира дека падот на стапката на преживување и репродуктивноста на сивиот кит е предизвикана од глад, основните фактори кои ја предизвикуваат лошата физичка состојба на китовите сè уште не е утврдено.

Instagram
Instagram

Сличен настан се случил во 1999-2000 година, кога биле детектирани 651 мртви сиви китови по западниот брег на Северна Америка.

Во текот на тие две години, популацијата на сивиот кит опадна за приближно 25% или од околу 21.000 регистрирани сиви китови во 1998 година на околу 16.000 во 2002 година, пишува „Oceanographic“.