Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска тврди дека Владата презема итни чекори за кадровско екипирање во најрелевантните институции во сферата на заштита на животната средина со цел да се зачувува на статусот на Охридскиот регион како светско природно и културно наследство.
„Во Министерството за животна средина и просторно планирање во тек се активности кои треба да дадат допринос во исполнувањето на препораките од УНЕСКО“, вели Оџаклиеска во интервју за „Локално“ предупредувајчи на реална опасност подрачјето да се најде на листата на загрозени подрачја како резултат на долгогодишниот несоодветен третман.
.Таа тврди дека Охридското Езеро се вбројува меѓу 39-те подрачја во светот кои се заштитени како светско природно и културно наследство.
„Третманот на подрачјето низ годините наназад од неговото прогласување, посочува на несоодветна примена на мерките за негова заштита“, истакнува Оџаклиеска.
Според неа, Министерството за животна средина дава придонес во изработката на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и Стратегиската оцена на животната средина.
„Како една од поважните мерки во Планот за управување е предвидено донесување на план за крајбрежјето. Очекувам, оваа година, да биде изработен и донесен планот за крајбрежјето на Охридското Езеро, што е во надлежност на Министерството за транспорт и врски“, питсетува Оџаклиеска.
Во тек е обезбедување на пари за да се направи детална процена и да се зајакне заштитата на светското природно и културно наследство, но и да се затворат и рекултивираат депонијата Буково и сите непрописни депонии.