Цената од 1.3 милијарди евра за изградба на 110 киломтери автопат од Коридорот 8 и 10Д е реален ако се има предвид теренот преку кој треба да помине автопатот и поскрапувањето на сите градежни материјали по војната во Укрина, вели директорот на Јавното претпријатие на државни патишта, Ејуп Рустеми, во интервју за телевизија Шења одговарајќи на критиките во јавноста дека 12 милиони евра за изградба на еден километар автопат е прескапо.
Рустеми потсетува дека иста цена има и автопатот Кичево-Охрид, каде еден километар автопат чини 11 милиони евра, иако градбата почнало во 2013 година, кога цената на градежните материјали биле за 55 отсто поефитини. Освен тоа, тој тврди дека во моментот со исти цени автопатишта се градат и во Србија, Косово и Албанија.
Тој открива дека ќе се промени трасата на коридорот во Струга за да се избегне високата кота на Ќафасан, при што ќе се отвори тунел во должиба од пет километри, од селото Франгово и ќе излезе во селото Скендербег во Албанија, при што автопатот до Тирана ќе се скртува за 20 километри.
Според него, изградбата на автопатиштата е од историско значење затоа што земјата станува раскрсница на два европски коридори, од кои придобивки ќе има граѓаните и државата.
„Како студент од Тетово до Тирана сум патувал 12 часови. По изградбата на автопатот патувањето до Тирана ќе трае 2 часа“, смета Рустеми.