Британскиот премиер, Борис Џонсон, ги повика владините министри денеска да разговараат за новиот вид на коронавирус, за кој, самиот смета, се верува дека е многу позаразен од видот што беше присутен досега, пренесе весникот „Телеграф”.

Британската Влада најверојатно денеска ќе ја објави одлуката за засилување на ограничувачките мерки, што ќе вклучуваат и забрана за патување внатре во земјата, особено во југо-истокот на Англија и Лондон.

Портпаролот на Џонсон не беше достапен за коментар.

Британската Влада во понеделникот соопшти дека зголемувањето на бројот на заразени веројатно е поврзано со новиот вид коронавирус, што го подигна нивото на рестриктивни мерки на највисоко ниво.