Новата бугарска Влада, чиј премиер ќе биде Кирил Петков, ќе усогласи заеднички став со коалициските партнери, но прецизира дека од добрососедството многу корист ќе имаат и Република Бугарија и Република Северна Македонија, пренесуваат бугарските медиуми.
Петков кажа дека бугарската позиција останува таква каква што е сега, но мора да биде надградена, пренесе БНР.
„Имаме долга и генерализирана теза со коалициските партнери за нашата политика кон Северна Македонија. Ние и Северна Македонија имаме што да добиеме од добрососедството. Ова треба да се заснова на меѓусебно почитување. Ставот на Бугарија за Северна Македонија останува, но сакаме да го надградиме, а не само да продолжиме со пароли од двете страни на границата“, рече Петков.