Новиот Нацрт-закон за надворешни работи од денеска е јавно достапен на Електронскиот национален регистар на прописи – ЕНЕР, информира Министерството за надворешни работи.

МНР посочува дека ќе ги цени сите забелешки и мислења, кои се добредојдени, изразувајќи очекување финалниот текст да одговори на предизвиците на надворешно-политичките приоритети на земјата.

Во врска со објавувањето на Нацрт-законот на ЕНЕР, на Фејсбук се огласи и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Поминавме процес на интензивна работа, обемни консултации и сериозен пристап при создавањето на новиот Нацрт – закон за надворешни работи. Ве повикувам да го разгледате, прочитате и анализирате, со цел уште поквалитетно законско решение, наведе Османи во објавата.