По неодамнешното претставување на најновото издание на најмоќниот „Мерцедес Ц-класа“, зад кој стои „АМГ“, автопроизводителите го подготвија и „Ц-63 С.Е. перформанс“ чија ексклузивна сива боја на каросеријата и бројните црно-црвени детали посочуваат дека е инспириран од Формула 1 болидот на Мерцедес.

Сепак, „Мерцедес-АМГ“ ќе го произведува новото возило само една година, во два каросериски стила, и тоа само за купувачите во Европа.

Автомобилот има црни 20-инчни бандажи со црвени рабови, како и поголем воздушен дефлектор, предизајнирани прагови на вратите, мал спојлер на капакот на багажникот и различен заден дифузер. Стандардната опрема ги вклучува „Најт I” и „II” пакетите со бројни каросериски детали во црна боја.

Кабината е обложена со кожа, а контрастот го прават црвените сигурносни појаси. Бојата на ремените е од конецот со којшто се шијат спортските седишта и други додатоци.

Цената на возилото сѐ уште не е објавена.

Инаку, првиот „Мерцедес-АМГ Ц-63“ без „В-8“ мотор, се движи на хибриден погон што се состои од дволитарски 4-цилиндричен бензински турбо-мотор („М-139“), со пренос на двете оски, поддржан од електричен мотор и 9-степен автоматски менувач. Со комбинирани 680 коњски сили и 1.020 њутн-метри во вртежи, забрзува до 100 км/ч за 3,4 секунди и достигнува 280 км/ч.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.