Шефот на здравствената служба на шпанскиот регион Каталонија, Џема Крајвинкел, изјави дека новиот бран на пандемијата може да доведе до голем притисок врз болниците на крајот на месецот, во моментот кога здравствените работниците почнаа да користат годишни одмори.
Во денешното интервју за радиото РАЦ1, Крајвинкел рече дека североисточниот шпански регион може да има 500 пациенти на интензивна нега, а во моментов има близу 300. Таа додаде дека каталонскиот систем на јавно здравје веќе е под притисок поради зголемувањето на бројот на пациенти, поради Делта сојот.
Таа смета дека властите не успеале да го убедат локалното население за опасностите од сојот Делта и ги критикуваше луѓето кои се судрија со полицијата што во текот на ноќта одржуваше полициски час. (МИА)