Романскиот министер за одбрана Ионут Моштеану поднел оставка откако призна дека погрешно навел дека има универзитетска диплома што никогаш не ја стекнал. Тој изјавил дека „животописот го составил набрзина“ и се извинил за грешката.
Моштеану посочил дека расправите околу него не треба да го одвлекуваат вниманието од работата на институциите во време кога Романија и Европа се соочуваат со руски закани и хибридни напади.
„Има грешка во биографијата што набрзина ја составив во 2016 година користејќи образец што го најдов на интернет, не обрнав доволно внимание на тие детали во тоа време“, напиша тој на Фејсбук.
Скандалот избил по новинарска истрага која открила дека во неговата биографија погрешно било наведено дека дипломирал на факултет кој никогаш не го посетувал.
Премиерот Илие Болохан најавил дека привремено местото министер за одбрана ќе го преземе министерот за економија и туризам, Раду Мируту.
Текстот Новинарска истрага откри лажна диплома, министерот за одбрана на Романија поднесе оставка: „Биографијата ја составив набрзина“ е превземен од МАКФАКС.























