Новинарот Фуркан Салиу преку социјалните мрежи напиша статус критикувајќи го минисрерот за надворешни работи Бујар Османи, откако се појави информација дека на негова иницијатива се одржала затворена седница на Владата, на која дал предлог телевизиската презентерка Бесмира Ејупи да биде назначена за конзул во Њујорк.

-Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, побарал итна седница на Владата, и побарал да биде затворена, што значи, министрите и замениците кои немаат безбедносен сертификат, не смееле да присуствуваат. Предлага имиња за именување на консули, а предлогот поминува експресно. Портпаролот на Владата негира дека има таква одлука, што е нормално, затоа што он не смее да присуствува на затворени седници на Владата. Зошто одлуката за именувањето на консули треба да се донесе на затворена седница? Македонците имаа дилеми за Министерот Бујар Османи, дека он нема да може да ги брани интересите на државата затоа што е Албанец. Јас велам дека не може да ги брани државните интереси затоа што има хипотеки, пишува Фуркан Салиу.