Сашо Мијалков оздраве од коронавирусот, па утрово се појави во судот. Пред да влезе во објектот новинар на Алсат го праша кој е рецептот за милионите, на што Мијалков одговори дека тој нема таков рецепт.

Инаку, прашањето беше врзано за 11-те милиони евра, кои Мијалков и неговите адвокати го дадоа како гаранција, во пари и во имот, за да излезе и да се брани од слобода. Клучното прашање е од каде му на Мијалков толку пари и толкав имот. Истрага за ова се уште нема.