Смртта на Диего Армандо Марадона сè уште е една од главните теми во Аргентина, бидејќи истрагата и натаму трае во насока на лекарите кои го лекувале легендарниот Ел Пибе.

Станува збор за неврохирургот Леополдо Луке и психијатарот Агустина Косачов, обвинети за несовесно лекување на Марадона во последните денови од неговиот живот, а чиј транскрипт од разговорот беше јавно објавен од порталот „Инфобае“.

Разговор кој се одвивал буквално во последните минути од животот на Марадона, а чија автентичност, иако има одредени „дупки“, беше потврдена од медиумите во Аргентина.

– Да, се чини дека има срцев удар, дебелиот умира..Немаме идеја што по ѓаволите направи, јас сум на пат, доаѓам – се зборовите на Луке.

Агустина потоа му испрати текстуални и говорни пораки на Луке, од кои една гласеше:

– Во овој момент тој е во собата за итни случаи со тимот, го оживуваат, но немаат големи шанси. Амбулантата доцнеше 10 или 15 минути!

Повторно се слуша Луке:

– Влеговме во собата, а Диего беше ладен, многу ладен. Се обидовме да го оживееме и да ја подигнеме температурата, но не успеавме. Излегов од собата, тие не ми кажуваат ништо и затоа заминав.

– Тоа е тоа. Агустина, тоа е она што моравме да го направиме. Семејството беше свесно за сè, разговаравме. Некои пациенти се многу тешки. Само кажете ми каде одат тие да ги следам доколку тој случајно преживее.

Така, уште повеќе се зголемија приказните дека Марадона бил многу болен и дека по операцијата морал да биде во болница, а не на домашно лекување.

Личниот лекар на Марадона ги фалсификувал потписите на медицинските документи!?

The post Нови застрашувачки детали за смртта на Диего Марадона! appeared first on Слободен печат.


Нови застрашувачки детали за смртта на Диего Марадона! was first posted on февруари 1, 2021 at 12:30 pm.