Американскиот Центар за контрола и превенција на болести соопшти дека се откриени уште случаи на згрутчување на крвта потенцијално опасно по живот кај лицата кои ја примиле вакцината против Ковид-19 на „Џонсон и Џонсон“.
Центарот соопштил и дека се гледа „веројатна поврзаност“ меѓу вакцината и овие случаи. Оттаму посочуваат дека се идентификувани 28 случаи на тромбоза со синдром тромбоцитопенија кај повеќе од 8,7 милиони лица кои ја примиле оваа вакцина од кои три починале.
Претходно на 25 април американскиот Центар ја информираше јавноста за 17 случаи на згрутчување на крвта кај близу 8 милиони лица кои се имунизирале со „Џонсон и Џонсон“.
Сепак од Центарот потенцираат дека користа од вакцина го надминува ризикот на вакцината и во моментов не се потребни ажурирања на политиката за вакцинирање. ЦДЦ претходно соопшти дека случувањата се слични како оние кои се разгледуваат по примена вакцина на АстраЗенека во Европа.
Двете вакцини се базираат на нова технологија која користи аденовируси кои предизивикуваат настинка, а кои се модифицирани за да бидат безопасни.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.