Продолжуваат руските напади врз Киев и други украински градови. Градот Запорожје на југот на земјата во текот на ноќта стана цел на нови бомбардирања, додека повеќе од 10 ракети ја погодија цивилната инфраструктура. Надлежните известуваат за жртви и ранети, а меѓу нападнатите згради има и училиште. Москва лансираше повеќе од 100 проектили околу Украина вчера, а Путин рече дека нападите биле одговор на нападот на мостот на Крим. Во бомбашките наапди убиени се најмалку 19 лица и над се 100 ранети. Голем број градови се без струја и вода за пиење. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, зборуваше за причинетата штета и вети дека ќе обнови сè.

„Јас сум во близина на Универзитетот Шевченко, кој наскоро ќе прослави 190-годишнина. Руските напади го оштетија, но ние ќе го поправиме. Погоден е и градскиот дом на учителите, каде некогаш работел централниот совет на Украина. Зад мене е паркот Шевченко, исто така цел на ракети. Голем број музеи…и друга културна и цивилна инфраструктура исто така беа оштетени. Кој се бори вака? Тие сакаат да ја вратат Украина во 18 век“; изјави Зеленски.

Генералното собрание на ОН одржа итен состанок неколку часа по руските напади. Амбасадорот на Украина во ОН рече дека Русија е „терористичка држава“. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека нападите се „неприфатлива ескалација на војната“ од страна на Русија. Европската унија соопшти дека е извршено воено злосторство, а претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека Москва врши терор и бруталност. Американскиот претседател Бајден, пак, во телефонски разговор со својот украински колега, вети дека ќе продолжи да и ја дава на Украина потребната поддршка за да се брани, вклучително и напредни системи за противвоздушна одбрана.

Алсат

Прикажи повеќе