Организаторот се соочува со тужба од сопствениците на становите во „Вестин Мелбурн“ хотелот.
Токму „Вестин Мелбурн“ хотелот беше одреден како место во кое тенисерите и тенисерките кои ќе учествуваат на Австралија Опен да поминат две недели во карантин по пристигнувањето во Австралија.
Но, сопствениците на апартманите во „Вестин Мелбурн” кои ги имаат откупено истите и во нив живеат со години, сметаат дека пристигнувањето на стотина луѓе од целдиот свет претставува неприфатлив ризик за нив и поради тоа подготвени да ги тужат организаторите на Австралија Опен.
По неколкумесечни преговори владата на Австралија и организаторот на првиот грен слем турнир во годината постигаа договор, тенисерите и тенисерките кои ќе пристигнат во Мелбурн помеѓу 15. и 17. јануари да поминат две недели во карантин. Тој договор е потпишан на 18. декември минатата година, но сопствениците на апартманите негодуваат бидејќи за тоа биде известени преку имејл и не се согласуваат на оваа одлука.
Legal dispute at quarantine hotel threatens Australian Open https://t.co/40w7gD6xzq
— Jon Wertheim (@jon_wertheim) January 3, 2021
– Неверојатно арогантно ни направија замка. Доколку сме подготвени да преземеме голем ризик и да го организираме Австралија Опен тогаш тоа мора да биде направена на најбезбеден начин. Тоа значи дека не одбирате хотел во кој има и приватни апартмани. Ова не е единствениот хотел во Мелбурн – изјави Марк Николсон, еден од сопствениците на приватни апартмани во „Вестин Мелбурн“.
Сопствениците на апартманите најавија дека ќе бараат тенисерите и тенисерките да се преместат во друг хотел, а доколку тоа не се случи, ќе поднесат тужба. Организаторот од друга страна се обидува да ја смири ситуацијата и во соработка со хотелот најавува дека сите кои живеат во „Вестин Мелбурн“ ќе бидат безбедни.
– Според договорот, лицата кои живеат во „Вестин Мелбурн“ хотелот нема да имаат никаков контакт со тие што ќе дојдат од странство бидејќи гостите ќе користат посебни влезови и лифтови. Спратот со станарите ќе остане само за нив и нема да има ниту заедничка вентилација – вели генералниот менаџер на хотелот, Стивен Феринго.
Австралија Опен треба да започне на 8. февруари и ќе трае до 21. февруари, а претходно во Мелбурн ќе се играат и АТП купот и два турнири од серијата 250.