Кинески научници објавија дека создале вештачки неврон којшто може да комуницира со телесниот невропреносител – хормонот допамин.
Низа експерименти со лабораториски глувци покажа дека новиот вештачки неврон може да се одвои и да прима допамин истовремено со природниот неврон кај животните. Решението е идеално за разработувањето ново поĸоление микроуреди за поврзувањето на мозоĸот со ĸомпјутер. Целта е поделотворно медицинско третирање на мозокот и заболувањата поврзани со него.
Стручњаците истакнуваат дека речиси сите досегашни пронајдоци од овој вид ги мерат само електричните сигнали од нервите на мозокот. Ваквите системи му даваат можност на ĸомпјутерот да бележи, собира и дешифрира редица податоци важни за организмот, но основните податоци остануваат скриени во невропреноситепите – xемиски соединенија, како што е допаминот, ĸоишто ги користат невроните за пренос на информациите во телото. Кинеските научници објавија дека успеале да ги извлечат и овие податоци.
Хемискиот неврон е составен од сензор направен од графен и наночестички, којшто може да одреди кога се ослободува допаминот. Доколку сензорот ја открие точната количина, тогаш со помош на тн. склад за подaтоци, се ослободува поголема количина допамин во другиотот на вештачкиот неврон.
– Основниот јазик на мозокот е хемискиот, но современите интерфејси на мозокот – машината, користи електронски јазик. Затоа создадовме вештачки неврон кој може да ја дуплира интеракцијата и информациите на оригиналниот неврон, рече претставничката на овој научен труд, Бенхуеј Ху.
Со помош на овој изум, научниците успеале да активираат мускул кај животно без никакви електрични сигнали. Ова ќе значи создавање целосно нов начин за поврзување мозок-компјутер.