Комисијата за заразни болести донесе одлука за предлог на две нови мерки коишто ќе ги проследи до кризниот штаб и до Владата. Веста ја соопшти портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.
“Првата се однесува на укинување на задолжителното поседување на негативен ПЦР тест или потврда за прележаност и вакцинација при излез од земјата. Втората е да се укине ослободувањето од работа за бремените жени“, рече Мехмедовиќ.