Веднаш по смртта на Диего Марадона, аргентинското обвинителство отвори истрата и досега најде низа пропусти во лекувањето на легендарниот фудбалер.

Прво неговиот личен лекар беше на распит кај обвинител, а притоа му беше запленета целата документација како и компјутерите, а сега на ред дојде и возачот.

Полицијата врши претрес во канцелариите на личниот лекар на Марадона/EPA-EFE/Enrique Garcia Medina

Станува збор за Максимилијан Тримаки (44) кој сведочеше дека не бил во куќата кога починал Марадона, но безбедносните камери и податоците од мобилните теледони покажуваат поинаку.

Утврдено е дека Тримаки лажел и засега не се знае зашто го сторил тоа, иако неговата работа не е само да биде личен возач за Марадона. Тој исто така бил и сметководител на братот на славниот фудбалер и во исто време се грижил за неколку негови бизниси.

Поради лажниот исказ, извршен е претрес во неговиот стан и се одземени телефоните и компјутерот бидејќи е приметен на безбедносните камери дека неколку пати доаѓал во куќата на Марадона.

Претходно беше утврдено дека лажела и медицинската сестра која го оставила Марадона неколку часа без надзор.

Се зголемува бројот на осомничени за смртта на Марадона, и психијатарот на распит

Обвинителството исто така запленило шест компјутери и таблети на сите лекари кои се грижеле за здравјето на „Ел Пибе“.

– Ќе ги бараме сите досиеја, документи, имејлови кои се однесуваат на лекарскиот третман на Марадона за да ги споредиме доказите кои ги добивме од мобилните телефони – изјави еден од обвинителите кои работат на случајот.

„Оле“: Условите во домот на Марадона не биле соодветни, тој не заслужи вакво нешто!

Чудни пораки на ќерката на Марадона и докторот: Татко ми повраќаше и одбива лекари! Тој е добро и бара приватност

Марадона пред смртта се исповедал пред свештеник: Барал прошка за бурниот живот