Авион со нови кинески вакцини Синофарм утрово слета во Белград.
На приемот на вакцини присуствуваат премиерот на Србија Ана Брнабиќ и амбасадорот на Народна Република Кина во Србија Чен Бо.
– Ова е последниот контингент од 500.000 вакцини и тоа се вкупно 4 милиони вакцини Синофарм кои ни беа доставени по договор. Благодарение на оваа сериозност од кинеската страна, успеавме да достигнеме над 45% од вакцинираната возрасна популација, што секако не е доволно за колективен имунитет. Исто така, би сакал да им се заблагодарам на кинеските партнери што направија повеќе од договореното. Кинеската армија ни донираше дополнителни 200.000 вакцини – рече Брнабиќ.
– Во овој момент имаме уште 500.000 лица за вакцинирање, што е 3.115.000 лица и со тоа ќе бидеме безбедни. И да кажам уште една интересна работа, ова е осми лет што го поздравуваме за вакцините, но од почетокот на пандемијата, покрај овие осум летови, дочекавме и 58 авиони кои добија медицинска опрема, сè донирано од Кина и што купивме и три товарни возови. Тоа се вкупно 66 летови и 3 товарни возови од се што добивме, а тоа покажува силни врски, партнерство, сериозност и кредибилитет на односите – додаде премиерот.